20.4.
Primary tabs
20.4. Анализа на компаративни искуства за учество на граѓанските организации во работата на Економско социјалниот совет
Показатели |
Подготвена компаративна анализа; Граѓанските организации активно учествуваат во работата на Економско-социјалниот совет преку свои легитимно избрани претставници |
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество |
Рок на спроведување |
1 квартал 2023 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот и со потенцијална донаторска поддршка во делот на подготовка на анализи |
Статус:
Преземени активности:
Ваква конкретна компаративна анализа во рамките на Министерството за труд и социјална политика не е спроведена. За оваа тема постои отворена дебата и дискусии, иако очигледно е дека за евентуалното вклучување на граѓански организации во работата на Економско-социјалниот совет постојат повеќе предизвици.
Дополнителни информации:
Ризиците за евентуалното учество на граѓанските организации во работата на ЕСС се од типот на:
- појава на отпор и несогласување или недостаток на поддршка од страна на социјалните партнери (синдикатите и организациите на работодавачи)
- реални предизвици со кои би се соочиле во делот на утврдување на репрезентативно присуство и учество на граѓанскиот сектор, т.е. избор или номинирање на граѓански организации кои би учествувале во работата на ЕСС