Thirrje për sektorin civil për kontribut në përgatitjen e programit vjetor të punës së Qeverisë së Republikës së Maqedonisë për vitin 2019

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/11).

Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Македонија за 2019 година.

Предлозите, во писмена форма, со пополнување на следниот Образец можете да ги доставите до 14.09.2018 година, на следната адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија

Одделение за соработка со невладини организации

Бул. Илинден бр. 2

1000 Скопје

Albanian