Takime me administratën lokale dhe organizatat e shoqërisë civile për Planin e Veprimit për zbatimin e Strategjisë së Qeverisë për bashkëpunim dhe zhvillimin e sektorit civil 2018-2020

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со Канцеларијата за соработка со НВОи на Владата на Република Хрватска, во рамките на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“, финансиран од Европската Унија,  организира средби со претставници на локалната администрација и граѓанските организации, со цел споделување на заеднички искуства во соработката со граѓанскиот сектор и презентација на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020.

Средбите ќе се одржат во:

  • Тетово, на 4.09.2018 година (вторник) од 11:00 до 13:00 часот, во големата сала на општина Тетово,
  • Скопје, на 5.09.2018 година (среда) од 14:00 до 16:00 часот, во салата на Советот на град Скопје, и
  • Битола, на 7.09.2018 година (петок) од 11:00 до 13:00 часот, во салата за состаноци во општина Битола, 3 кат.

Се покануваат заинтересираните граѓанските организации да пријават учество на свои претставници на овие настани на e-mail адреса  nvosorabotka@gs.gov.mk до 3.09.2018 година.

Albanian