U zhvilluan konsultime me organizatat e shoqërisë civile për Propozim-Programin për financimin e aktiviteteve programore të shoqatave dhe fondacioneve për vitin 2019
Primary tabs
На 17.12.2018 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одржа консултации со граѓанските организации за Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
На консултативната средба активно учество зедоа претставниците на граѓанските организации, кои ја поздравија одлуката на Владата за издвојување на средства за поддршка на програмските активности на здруженијата и фондациите, осврнувајќи се на одредени забелешки на процесот на подготовка и содржината на документот.
Писмени коментари на Предлог-програмата можат да се достават на nvosorabotka@gs.gov.mk до 18.12.2018 година.