Ditë të hapura për iniciativat e organizatave të shoqërisë civile me temë “Politikat rinore” për vitin 2019

 Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на петтиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации, кој ќе се однесува на „Младински политики“ за 2019-та година, кој ќе се одржи на 27 јуни 2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, во Свечената сала во Владата на Република Северна  Македонија.

Во прилог се наоѓаат покана, агенда, насоките за иницијативите, брифови со младинските политики, како и прашалникот кој треба да го пополните за вашата иницијатива.

 

Областите на младински политики за кои ќе се врши консултација ќе бидат:

 1. Средношколско демократско организирање

     + Средношколски стандард

2. Студентско демократско организирање;

     + Студентски стандард

3. Ко – менаџмент  тело за координација помеѓу младинските организации и институциите и за структурен дијалог

4. Сеопфатно сексуално образование

5. Употреба на психотропни супстанции меѓу малолетници и млади

6. Зелени работни места

7. Младинска работа

8. Младинска гаранција

9. Закон за млади

10. Ревизија на Националната стратегија за млади

11. Проекти за млади во рамки на ФИТР

12. Европска младинска картичка

13. Едно општество - (компонента Млади, компонента Образование, со фокус на младински размени и справување со говор на омраза) 

14. Помагање на заедниците (младински активизам на локално ниво - community service, волонтерство)

Вашите предлози, Вие како претставници на граѓанското општество можете да ги поднесете преку пополнување прашалник (во прилог), на било која од горенаведените политики, но и надвор од истите доколку сметате дека треба да се воведе нова. Како би постигнале ефективна и продуктивна дискусија, ќе отвориме простор и за усно презентирање на претходно поднесената иницијатива во времетраење од најмногу пет минути.

Ве замолуваме да го потврдите Вашето учество или учеството на еден претставник од Вашата организација и да го испратите пополнетиот прашалник на електронската адреса svetlana.siljanoska@vlada.gov.mk, најдоцна до 26 јуни 2019 година (среда) до 17:00 часот.

Доколку, за вашата иницијатива ви е потребно повеќе време, чувствувајте се слободни да ја презентирате во сесијата за дискусија, а пополнетиот прашалник да го доставите не подоцна од 30 јуни 2019 година.

Покана за Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации

Агенда за Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации

Насоки за Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации

Прашалник - младински политики

Бриф Млади за ОД

Бриф за НСМ и картичка

 

Albanian