Është mbajtur seanca e 13-të e Këshillit për Bashkëpunim dhe Zhvillim të Sektorit Civil
Primary tabs
На 4 јули 2019 година се одржа 13. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, го презентираше првиот Нацрт на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија и го информираше Советот за спроведениот консултативен процес.
На седницата Советот донесе Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со кој се уредува постапката за номинирање на претставници на граѓанскиот сектор во советодавни и работни тела и номинираше претставници на граѓанскиот сектор во ИПА Мониторинг комитетот за следење на напредокот на спроведувањето на ИПА 2014-2020 (за областите: Владеење на правото и фундаментални права, Животна средина и просторно планирање, Демократија и владеење, Образование, вработување и социјална политика, Конкурентност и иновации и Земјоделство и рурален развој), Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017, Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика и Секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“ за ревизија на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика – ЕСРП 2020, од пријавените кандидати на јавните повици објавени на 28.5.2019 година.
Советот утврди позитивно мислење по Годишниот извештај за спроведени консултации во процесот на подготовка на предлог закони од страна на министерствата за 2018 година, подготвен од Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Влада и го поддржа барањето за унапредување на учеството на граѓанските организации во процесот на подготовка на Законот за здравствена заштита.