Është vazhduar afati për kontributin e sektorit civil në përgatitjen e programit vjetor të punës së Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut për vitin 2020.
Primary tabs
Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).
Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година.
За поднесување на Вашиот предлог, потребно е да го пополните следниот Образец и да ни го доставите најдоцна до 20.09.2019 година, по електронски пат на e-mail адресата: nvosorabotka@gs.gov.mk или во писмена форма на следната адреса:
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Одделение за соработка со невладини организации
Бул. Илинден бр. 2
1000 Скопје