Takime konsultative me organizatat e shoqërisë civile për të përcaktuar fushat prioritare për financimin e shoqatave dhe fondacioneve nga Buxheti 2020
Primary tabs
Со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од државата, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), организираше три консултативни средби со граѓански организации во Скопје (12.11.2019 година), Битола (14.11.2019 година) и Штип (15.11.2019 година).
На консултативните средби учествуваа 58 претставници на граѓански организации кои дискутираа за предлог-приоритетните цели за Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2020 година, основните организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските организации кои сакаат да аплицираат за финансиска поддршка од Буџетот на РСМ, потребните документи кои ќе се разгледуваат во процесот административната селекција на проектите, како и посебните програмски критериуми за проценка на квалитетот на проектите.
Консултациите беа организирани во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а финансирана од Европската Унија.