Raport për organizatat e regjistruara me kandidatë dhe thirrje publike për votim për zgjedhjen e anëtarit të Këshillit për bashkëpunim dhe zhvillim të sektorit civil për fushën “Zhvillimi Ekonomik dhe i Qëndrueshëm”
Primary tabs
Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, за областите „Економски и одржлив развој“ и „Медиуми и информатичко општество“ (објавен на 29.10.2019 година) и Јавен повик за гласање за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“.
За областа „Медиуми и информатичко општество“, повторно ќе биде распишан Јавен повик за избор на член на Советот, бидејќи во предвидениот рок не е пристигна ниту една пријава.
Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија која дејствува во областа „Економски и одржлив развој“ согласно статутот, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 4.12.2019 година.
Во прилог на Образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.