Thirrje për shprehje interesi për përfshirje në procesin e hartimit të Raportit Vullnetar Kombëtar për zbatimin e Qëllimeve të Zhvillimit të Qëndrueshëm në Republikën e Maqedonisë së Veriut

Почитувани претставници на граѓанскиот сектор,

Во 2016-та година државите членки на Обединетите нации, вклучително и Република Северна Македонија, ја усвоија Агендата 2030 и Цели за одржлив развој во насока на постигнување одржлив развој на глобално ниво. Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања како национален координатор за активностите за одржлив развој во соработка со државните институции и други релевантни чинители е надлежен за процесот на интеграција на Целите за одржлив развој во националното стратешко планирање.

Во 2019-та година, Владата на Република Северна Македонија поднесе барање до Обединетите нации за поддршка во подготовката на Доброволен национален извештај за имплементација на Целите за одржлив развој во државата (Voluntary National Reviews - VNR), којшто се подготвува за првпат. Овој Извештај претставува доброволна, волонтерска активност на државата со цел на глобално ниво да ги прикаже преземените национални активности и предизвиците со кои се соочува во процесот на имплементација на 17-те Цели за одржлив развој. Извештајот се очекува да биде презентиран на состанокот на високо ниво на Економско – социјалниот комитет при Обединетите нации во јули, 2020-та година.

Еден од главните партнери во процесот на изработка на Извештајот, покрај приватниот сектор и академија, е и граѓанскиот сектор во државата. Во таа насока, Ве известуваме дека Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на национален координатор за имплементација на Целите за одржлив развој ги поканува сите граѓански организации кои имаат интерес да се вклучат во процесот на изработка на првиот доброволен национален Извештај да се пријават со доставување на Образецот за изразување интерес најдоцна до 15.12.2019 година на следните е-маил адреси:

Daniel.josifovski@gs.gov.mk;

ana.jovanovska@gs.gov.mk.

 

Образец за изразување интерес 

 

Albanian