Thirrje organizatave të shoqërisë civile për anëtarësim në rrjetin e Partneritetit për Qeverisje të Hapur

 

На иницијатива на десет граѓански организации се основа мрежа на граѓански организации за отворено владино партнерство (ОВП). Основна цел на мрежата е да го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите. Мрежата ќе се залага за иницирање, поттикнување, поддршка, спроведување и мониторинг на процесот на ОВП и за поттикнување на властите и другите институции за зголемување на нивната транспарентност, отчетност и отвореност за учество (партиципативност). 

Со овој повик се покануваат  сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации да учествуваат во работата на мрежата.

Зачленувањето во мрежата се врши со пополнување и доставување на приложениот образец за членство до 30 декември 2019 година. Овој образец се доставува во електронска форма до sunchica.kostovska@fosm.mk до 30 декември 2019 година. Доколку ви се потребни дополнителни информации или помош за пополнување на образецот може да се обратите на истата адреса или телефон 02 2477123, на Сунчица Костовска-Петровска, консултант за граѓанско општество во ФООМ. 

 

Повик до граѓански организации за зачленување во мрежата за Отворено владино партнерство

Образец за членство во Мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство

Мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство

Декларација за Отворено владино партнерство

 

Albanian