Procesi për përgatitjen e Planit të Veprimit të Pestë Kombëtar të Partneritetit të Qeverisjes së Hapur 2020-2022 ka filluar
Primary tabs
Министерството за информатичко општество и администрација го започна процесот на подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 (НАП 5).
Со цел навремено информирање подготвена е Временска рамка на активности за подготовка на НАП 5 2020-2022 во која се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Отвореното владино партнерство.
Временска рамка може да ја најдете на следниов линк.
Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, ги покануваме граѓанските организации да пополнат краток прашалник кој има за цел да ги утврди потребите за подготовка на новиот Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 година (НАП5) односно да ја испита запознаеноста на граѓанските организации со глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, да го утврди интересот за учество во процесот на подготовка на новиот акциски план за ОВП 2020-2022, да собере првични препораки за процесот на консултација како и предлози за мерки кои потенцијално можат да се вклучат во акцискиот план.
Би Ви биле исклучително благодарни доколку одвоите време да одговорите на прашалникот најдоцна до 16-ти март.
Прашалникот можете да го најдете на следниот линк.