Është shtyrë afati i Thirrjes drejtuar sektorit civil për kontribut në përgatitjen e Programit të Punës së Qeverisë për vitin 2021.
Primary tabs
Согласно препораките на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од 23.седница одржана на 24.9.2020 година, се продолжува рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година до 5.10.2020 година. Предлозите за политики треба да се во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, утврдени во Програмата за работа на Владата 2020-2024, да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2021.
Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2021