Agjencia për Punësim e Republikës së Maqedonisë Veriore shpall Thirrje për sektorin civil për pjesëmarrje në masën Subvencionimi i pagave për punësimin e përfituesve të ndihmës minimale të garantuar.
Primary tabs
Дали сте невладина организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот? Ако одговорот е - ДА Јавниот оглас Субвенционирање на плати е погоден за Вас.
Јавниот Оглас Субвенционирање на плати го објавува Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.
Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да вработат корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.
За вработување на едно лице корисник на гарантирана минимална помош, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од АВРСМ и ИПА проектот во износ од 19.000,00 денари месечно, за период од 12 месеци по вработено лице, корисник на гарантирана минимална помош. Работодавачот односно граѓанската организација е должна да го задржи лицето корисник на гарантирана минимална помош во работен однос во вкупен период од 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање.
Бројот на лица корисници на гарантирана минимална помош, кои граѓанските организации без ниту еден вработен можат да ги вработат преку програмата Субвенционирање на плати, е изнесува едно лице. Едно лице од оваа категорија може да вработат граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице и правните субјекти формирани по 01.07.2019 година.
Огласот е отворен до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка.
Подетални информации се достапни на веб страната на АВРСМ во делот БАРАТЕЛИ НА РАБОТА – ОГЛАСИ за активни мерки за вработување.
За сите дополнителни прашања обратете се во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и во ИПА канцеларијата на проектот на e-mail zoja.tarevska@av.gov.mk<mailto:zoja.tarevska@av.gov.mk>.