Thirrje publike/Njoftim Subvencionimi i pagave për punësimin e përfituesve të asistencës minimale të garantuar
Primary tabs
Дали сте граѓанска организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот?
Ако одговорот е - ДА , активната мерка 2.1 Субвенционирање на плати е соодветна за Вас.
Јавниот оглас за мерка 2.1 Субвенционирање на плати е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .
Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да вработат корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.
За вработување на едно лице корисник на гарантирана минимална помош, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од АВРСМ и ИПА проектот во износ од 19.000,00 денари месечно, за период од 12 месеци по вработено лице, корисник на гарантирана минимална помош. Работодавачот односно граѓанската организација е должна да го задржи лицето корисник на гарантирана минимална помош во работен однос во вкупен период од 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање.
Граѓанските организации имаат олеснувања при користење на оваа мерка. Покрај општите критериуми за селекција кои треба да ги исполнуваат, ГО ги имаат следниве олеснувања:
· Граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице имаат право на учество и максималниот број на поддржани вработувања во тој случај изнесува едно лице,
· Лицата на кои работниот однос (на определено или на неопределено време) им престанал една година пред вработување во активна мерка , истите може да бидат подржувани со повторни вработувања кај истиот работодавач само доколку е граѓанска организација.
Огласот е отворен до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка.
Подетални информации се достапни во огласот за мерка 2.1. Субвенционирање на плати на веб страната на АВРСМ https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
За сите дополнителни прашања обратете се во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Дополнителни информации за вработување на лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), можат да се добијат во ИПА канцеларијата на ipa@avrm.gov.mk.