Është mbajtur takimi i Grupit Punues për hartimin e Strategjisë së Qeverisë për Bashkëpunim dhe Zhvillim të Shoqërisë Civile 2021-2024

Во рамки на консултативниот процес со граѓанските организации за изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество,  на 29.7.2021 година се одржа online состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024.

Во периодот 26 април – 26 мај 2021 година, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата, на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk ги повика сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период. Пристигнатите иницијативи од 13 граѓански организации беа систематизирани во три приоритетни области: Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанското општество, Демократизација, активно учество на граѓанското општество во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија и Граѓанското општество како чинител во социјално-економскиот развој.

На 2.7.2021 година се одржа online консултативен состанок со претставници на граѓанските организации што доставија писмени предлози (Фондација отворено општество – Македонија, Македонски центар за меѓународна соработка, Здружение Конект Скопје, Институт за европскa политикa Скопје, Рурална Коалиција Куманово, ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, Здружение за унапредување на родова еднаквост Акција Здруженска Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права Скопје, Здружение за унапредување на здравствениот систем Здрав систем - здравје за сите Скопје, Здружение на просветни работници на Град Скопје, Здружение на јавни службеници на Северна Македонија Скопје, Здружение на граѓани за заштита на правата и интересите на вработените во државната администрација и заштита на државниот имот Праведни и професионални Скопје и Здружение на граѓани за заштита на животната средина Екозвон, Скопје) и членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од ресорните министерства (Министерство за правда, Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за локална самоуправа). На состанокот се заклучи учеснците, како партнери на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата, да бидат дел од Работната група за изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024.

На состанокот на 29.7.2021 година, Работната група имаше начелна расправа по првиот нацрт на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, беше договорено членовите на Работната група да достават конкретни дополнувања и забелешки на текстот на нацрт-Стратегијата и Акцискиот план до 20.8.2021 година и се утврди динамиката на следните чекори за изработка на овој стратешки документ.

 

Временска рамка за подготовка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

2021 - 2024 година

 

Активност

Носител на активноста

Временска рамка

Опис

Статус

1

Процес на консултации со ГО за подготовка на новата Стратегија на Владата за соработка со  и развој на граѓанското општество

Одделение за соработка со невладини организации

26 април - 26 мај 2021 година

Во периодот од 26.4 до 26.5.2021 на www.nvosorabotka.gov.mk беше објавен повик за иницијативи на ГО за мерки и активности за новата Стратегија. Добиени се иницијативи од 12 ГО и  подготвена e табела со предложени мерки, активности и индикатори.

 

2

Состанок со претставници на граѓански организации кои предложија мерки и активности за новата Стратегија (членови на Работната група)

Одделение за соработка со невладини организации

Крај на јуни-почеток на јули 2021 година

ГО кои предложија мерки и активности се партнери на Одделението за соработка со НВО во процесот на изготвување на новата Стратегија (членови на Работната група). На 2.7.2021 се одржа online состанок и се разгледаа предлозите на ГО според приоритетните области на Стратегијата. Членовите на Советот од релевантните органи на државната управа се поканети и учествуваат во Работната група и во процесот на консултации.

 

3

Подготовка на првиот нацрт на Стратегијата и Акцискиот план

Одделение за соработка со невладини организации

Јули 2021 година

Првиот нацрт на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024 е подготвен и доставен до членовите на Работната група на 26.7.2021

 

4

Дискусија / состаноци со членовите на Работната група за првиот нацрт на Стратегијата и Акцискиот план

Одделение за соработка со невладини организации

Јули – август 2021

 

 

5

Презентирање на првиот нацрт на Стратегијата и Акцискиот план пред Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Одделение за соработка со невладини организации

Септември 2021

 

 

6

Онлајн консултација со граѓанските организации преку www.nvosorabotka.gov.mk за првиот нацрт на Стратегијата и Акцискиот план

 

Одделение за соработка со невладини организации

Септември 2021

 

 

7

Имплементација на препораките од консултативниот процес со ГО и Советот и подготовка на Предлог- Стратегија и Акциски план

 

Одделение за соработка со невладини организации

Крај на септември - почеток на октомври 2021 година

 

 

8

Разгледување на Предлог-Стратегијата и Акцискиот план на седница на Советот и усвојување на формално мислење до Владата

 

Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество

Октомври 2021

 

 

9

Разгледување и усвојување на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план

 

Влада на Република Северна Македонија

Крај на октомври - почеток на ноември 2021 година

 

 

 

 

Albanian