Thirrje publike për organizatat joqeveritare që punojnë në fushën e parandalimit të korrupsionit dhe sundimit të ligjit
Primary tabs
Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а со оглед на отвореноста на Владата од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и владеење на правото. За таа цел ги повикуваме преставниците на невладиниот сектор да достават предлози и идеи кои би се инкорпорирале во планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.
Доставените предлози треба да содржат:
- Конкретни препораки и образложение за истите
- Конкретни активности за спроведување на препораките
- Надлежни инситуции за спроведување на активностите
- Предлог рок за исполнување на активностите
Предлозите треба да се достават до Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 19 февруари 2021 година до 16:30 часот.