Повик до граѓанскиот сектор

 

П О В И К

ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ЗА ПРИДОНЕС ВО ПОДГОТВУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2016ГОДИНА



Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2016 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM" бр.99/11).

 

Macedonian

ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Владата на Република Македонија Генерален секретаријат распишува

ОГЛАС



за финансиска поддршка на здруженија и фондации

за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2015 година во вкупен износ од 12.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми (проекти) во 4 приоритетни области. 

 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 31.03.2015 година.

Macedonian

Почитувани претставници на граѓанскиот сектор,

 

Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија подготви Извештај за спроведените мерки и активности од Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012 - 2017) во 2014 година. Вашето мислење и предлози за дополнување на материјалот со активности во кои била вклучена вашата организација, може да ги доставите преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk до 9 март 2015 година.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS