Одржана 5. седница на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

На 5. седница на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, која се одржа на 30.5.2019 година, Комисијата ги разгледа Деловниот и финансискиот извештај за 2018 година на Здружението Фонд за подобра иднина на Пласница и Преглово – Пласница и Деловниот и финансискиот извештај за 2018 година на Непрофитната организација за стипендирање на студенти и поддршка на научно- истражувачки активности – Фондација ПЕКСИМ Скопје. Согласно Решението од Централниот регистар со кое се запишува бришењето на Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров, Ресен по пат на ликвидација, Комисијата го задолжи Одделението за соработка со невладини организации соодветно да го ажурира Списокот на здруженија и фондации на кои им е доделен статус на организација од јавен интерес.

Macedonian

Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, согласно заклучоците од 12. седница одржана на 22.05.2019 година, а на барање на Секретаријатот за европски прашања, објавува Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор во  ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 3 јуни 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор  во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020

 

Пријава за кандидат за претставник од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот

Macedonian

Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, согласно заклучоците од 12. седница одржана на 22.05.2019 година, а на барање на Министерството за труд и социјална политика, објавува Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 3 јуни 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

 

Пријава за кандидат за член и заменик член во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Macedonian

Одржана конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“

На 22.5.2019 година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), се одржа конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“. На конференцијата се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, кој ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. Тој истакна дека Владата веќе презема чекори и по дискусиите со граѓанските организации  се очекува моделот да се финализира во септември оваа година.

На конференцијата се обрати и министерката за правда, Рената Дескоска, која се осврна на улогата на Министерството како одговорната институција за спроведување на Законот за здруженија и фондации и ја потврди отвореноста на Владата за соработка.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS