На 25.09.2024 година, во просториите на Владата, се одржа првата од серијата средби со граѓанскиот сектор „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“, на тема „Владеење на правото, добро владеење и борба против корупција“, организирана во соработка со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ). Водечка цел на Владата на Република Северна Македонија е враќање на довербата на граѓаните во институциите, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на право.