Усвоена Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 8.7.2025 година, ја усвои Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028. Визија на овој стратешки документ е поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата.

Undefined

Одржана Третата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 18.6.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Третата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. На седницата Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028. Според мислење на Советот, усвојувањето на овој стратешки документ ќе придонесе кон унапредување на правната рамка за дејствување на граѓанските организации и механизмите за соработка и структурирано учество во процесите на креирање и следење на јавните политики, како и кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации и околината во која се развива граѓанското општество. Советот ќе го следи спроведувањето на Стратегијата и ќе се залага планираните мерки и активности да се спроведат во консултации и соработка со граѓанските организации. Согласно заклучоците на Работната група за изработка на измени на Деловникот за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Советот ги утврди следните прашања што треба да се уредат со Деловникот:

Macedonian

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата, во партнерство со проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија. На средбата учествуваа 26 претставници на граѓанските организации и државните институции кои се членови на работната група за подготовка на Стратегијата, членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и претставници на граѓански организации кои активно придонесоа со предлози во консултативниот процес.

Macedonian

Одржана Втората седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 8.5.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Втората седница со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Врз основа на пристигнатите пријави по Јавниот повик за избор на претставници на здруженија и фондации во советодавни и работни тела на Владата и органите на државна управа, објавен на 14.4.2025 година, Советот номинираше претставници на граѓанските организации во Националниот совет за развој, Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, Секторската работна група за локален и регионален развој и Управниот одбор на проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“. Советот се информираше и го поддржа нацрт-текстот на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028, препорача да се спроведе консултативен процес преку порталот ЕНЕР и јавни расправи со граѓанските организации, а потоа Предлог-Стратегијата повторно да се разгледа на седница на Советот во втората половина на јуни оваа година.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS