26.2.
Primary tabs
26.2. Развивање на мрежа на социјални услуги во локалната заедница и вклученост на граѓанските организации како даватели на социјални услуги
|
Показатели |
Број на одржани средби со граѓански организации за објаснување на новините во Законот за социјална заштита; Број на објавени јавни конкурси за обезбедување социјални услуги од страна на граѓанските организации кои се даватели на услуги. Број на склучени договори со граѓански организации |
|
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика |
|
Рок на спроведување |
2022, континуирано |
|
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
136.030.000 денари годишно |
Статус: Реализирано за 2023
Преземени активности:
Во 2023 година Министерството за труд и социјална политика има склучено вкупно 34 управни договори со лиценцирани даватели на социјални услуги согласно Методологијата за формирање на цените на услугите во зависност од нормативите и стандардите за давање на социјалната услуга („Службен весник на РСМ“ бр.264/19) и Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон-семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и за одмена на семејна грижа за 2023 година, објавена на веб страната на МТСП.
Дополнителни информации:
















