Одржана 31. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 22 април 2021 година се одржа 31. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот за три члена во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата ги номинираше: Наташа Бошкова, Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје, Елизабета Божиноска, ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје и Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство Скопје. Советот на оваа седница ги разгледа Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со Covid-19 кризата и предлог Јавениот повик за избор на пет претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за изработка на измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации и го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да ги дополни, согласно дискусијата на седницата. Советот ја разгледа и утврди позитивно мислење по Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и го донесе Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, подготвени врз основа на експертската анализа и препораки од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

 

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по јавниот повик за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, објавен на 22.3.2021 година, во секоја од областите на дејствување од член 3 став (3) на Одлуката и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите во областа на нивното дејствување. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 29.4.2021 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар.

 

Извештај со јавен повик за гласање мк

Извештај со јавен повик за гласање ал

Образец за гласање

Macedonian

Јавен повик за избор на три члена на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за труд и социјална политика, објавува Јавен повик за избор на три члена на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата. 

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за НКТ“,  најдоцна до 9 април 2021 година. 

Јавен повик за избор на три члена на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата 

Пријава за избор на три члена на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата

 

Macedonian

Советот – мост меѓу граѓанските организации и Владата

На 30 март 2021 година, на платформата ЗООМ, Граѓанскиот ресурсен центар одржа онлајн настан “Советот – мост меѓу граѓанските организации и Владата.

Целта на настанот беше да се информираат граѓанските организации за улогата и важноста на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, досегашното работење на Советот како и да се мотивираат и поттикнат здруженијата и фондациите организирано да пристапат кон изборот за нови членови.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS