Презентиран новиот извештај „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?“

 

На 16.12.2019 година, претставници на Одделението за соработка со невладини организации учествуваа на јавна презентација на новиот извештај: „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?“, во организација на Аналитика тинк тенк и Амбасадата на Шведска во Скопје.

Macedonian

Одржан Регионален форум за добро владеење и борба против корупцијата

Претставници на Одделението за соработка со невладини организации учествуваа на Форумот за јавни политики на тема: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа, организиран од Регионалната мрежа за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. 

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, во областа „Економски и одржлив развој“.

 

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на еден член на Советот за  соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата  и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“

Macedonian

Повик за изразување интерес за вклучување во процес на изработка на Доброволен национален извештај за спроведување на Целите за одржлив развој во Република Северна Македонија

Почитувани претставници на граѓанскиот сектор,

Во 2016-та година државите членки на Обединетите нации, вклучително и Република Северна Македонија, ја усвоија Агендата 2030 и Цели за одржлив развој во насока на постигнување одржлив развој на глобално ниво. Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања како национален координатор за активностите за одржлив развој во соработка со државните институции и други релевантни чинители е надлежен за процесот на интеграција на Целите за одржлив развој во националното стратешко планирање.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS