Është mbajtur seanca e 13-të e Këshillit për Bashkëpunim dhe Zhvillim të Sektorit Civil

На 4 јули 2019 година се одржа 13. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, го презентираше првиот Нацрт на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија и го информираше Советот за спроведениот консултативен процес.

Albanian

Është mbajtur e pesta e serisë së ditëve të hapura për iniciativat e organizatave të shoqërisë civile me temë “Politikat rinore” për vitin 2019.

Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за овозможување директно учество на граѓанските организации во креирањето јавни политики за континуиран демократски и економски просперитет на државата, во Владата на Република Северна Македонија, на 27.06.2019 година се одржа петтиот од серијата Отворени денови за консултација со граѓанските организации за младинските политики.

На средбата се обратија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и посебниот советник за млади и спорт Ѓорѓи Тасев.

Albanian

Ditë të hapura për iniciativat e organizatave të shoqërisë civile me temë “Politikat rinore” për vitin 2019

 Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на петтиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации, кој ќе се однесува на „Младински политики“ за 2019-та година, кој ќе се одржи на 27 јуни 2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, во Свечената сала во Владата на Република Северна  Македонија.

Albanian

Zgjatet afati për regjistrim në Thirrjet Publike deri më 20 Qershor 2019

На барање на граѓански организации, рокот за поднесување пријави по Јавниот повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020 и Јавниот повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција 4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика е продолжен до 20 јуни 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

Јавен повик за избор на седум претставници од граѓанскиот сектор  во ИПА мониторинг комитетот за следење на напредокот во спроведувањето на ИПА 2014-2020

Пријава за кандидат за претставник од граѓанскиот сектор во ИПА мониторинг комитетотЈавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Јавен повик за избор на три членови и три заменици членови во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Пријава за кандидат за член и заменик член во Секторскиот мониторинг комитет на годишната Акциска програма 2017 Акција4: Поддршка на ЕУ за вработување, образование и социјална политика

Albanian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS