Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областа „ЕУ интеграции и политики“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, во областа „ЕУ интеграции и политики“.

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областа „ЕУ интеграции и политики“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, за областa „ЕУ интеграции и политики“ (објавен на 16.10.2018 година) и Јавен повик до организациите кои дејствуваат во истата област да го дадат својот глас само за еден од кандидатите.

Macedonian

Јавен повик за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на седницата одржана на 9.10.2018 година, констатира дека на членот во областа „ЕУ интеграции и политики“, на лично барање, му престанува членувањето во Советот. Јавниот повик се објавува за избор на еден член на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областа „ЕУ интеграции и политики“. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 31.10.2018 година.

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Владата ја усвои Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

На седницата одржана на 9.10.2018 година, усвоена е Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020. Стратегијата се темели на досега постигнатите резултати, но и разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор, како коректив на политиките, сервис на граѓаните и канал за солидарност, партнер на државата и бизнисот и двигател на ЕУ интеграцијата. 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS