5-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Primary tabs
5-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
28.10.2025 година
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од Четвртата седница на Советот, одржана на 25.9.2025 година
- Номинирање на тројца претставници на граѓанското општество во работна група за подготвување Нацрт Стратегија за транспарентност (2027-2029) по Јавен повик бр.33-16/3 објавен на 25.9.2025 година
- Дискусијата по Извештајот за учеството на претставници на Советот во работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците, во својство на член и заменик член и формулирање на конкретни препораки
- Формирање на Постојана работна група за комуникации и Постојаната работна група за соработка со организации кои делуваат на локално ниво согласно Деловникот за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
- Координација со членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество поврзана со изготвување на препораки за рамката на измени на Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните, Закон за социјални претпријатија, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и Закон за волонтерство
- Прашања и предлози
Macedonian