Одржана 7-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 22.12.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Седмата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Советот расправаше за можностите за унапредување на правната рамка за делување на граѓанските организации преку измени на Законот за здруженија и фондации, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и Законот за волонтерство, како и за донесување на Закон за социјални претпријатија. Советот ги разгледа Предлог-Пасошите на показатели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028 и се информираше за одржаните информативни средби со граѓански организации во Пелагонискиот и Источниот плански региони, како дел од Кампањата на Граѓанскиот ресурсен центар за информирање на граѓански организации за улогата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Воедно, Советот ги разгледа можностите за отворање канал за директна комуникација (е-пошта, формулар) за прибирање на иницијативи од граѓанските организации, што треба да бидат дел од Комуникациската стратегија на Советот.

Macedonian