Јавен повик за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
Primary tabs
Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на седницата одржана на 9.10.2018 година, констатира дека на членот во областа „ЕУ интеграции и политики“, на лично барање, му престанува членувањето во Советот. Јавниот повик се објавува за избор на еден член на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областа „ЕУ интеграции и политики“. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 31.10.2018 година.
Датум на објава: 16.10.2018