2.1
Primary tabs
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ИСКУСТВАТА СО ЦЕЛ ИЗБОРНА НАЈПОГОДЕН МОДЕЛ ЗА ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Водечка институција |
Министерство за финансии |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 3то - 4то тромесечје |
Индикатори |
1. Број на одржани јавни консултации и тркалезни маси 2. Број на граѓански организации вклучени во јавните консултации и тркалезни маси 3. Број на координативни состаноци со релевантните државни институции 4. Седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на тема анализа на сегашната состојба во врска со даночниот третман и препораките за најпогоден модел за даночен третман на граѓанските организации 5. Објавена е анализа за сегашната состојба во врска со даночниот третман и препораките за најпогоден модел за даночен третман на граѓанските организации |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности, по индикатори:
1. Во просториите на Министерството за финансии како и во други институции беа спроведени бројни јавни дебати во однос на изборот на најпогоден даночен модел за граѓанските организации.
2. Вклучени беа најмалку 3 граѓански организации, КОНЕКТ, МЦМС и други.
3. Одржани беа повеќе состаноци со повеќе институции (Министерството за правда, УЈП).
4. На седница на Советот беше разгледана анализата „Физичките лица во системот на ДДВ и владеењето на правото во Македонија - со посебен осврт и предлог решенија во делот на авторските договори“, подготвена од здруженијата: Центар за економски анализи, Центар за даночна политика и Финанце Тхинк.
5. Анализата беше разгледана од страна на Министерството за финансии и Секторот за даночна и царинска политика и голем дел од предлозите беа прифатени и имплементирани во законските решенија.
Дополнителни информации:
Забелешка: Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор препорачува анализата на моделот на даночен третман на граѓанските организации да има поширок опфат од измените на Законот за персоналниот данок на доход и измените на Законот за данокот на добивка. Советот препорачува Министерството за финансии да организира консултации со граѓанските организации во врска со усвоените измени во даночната рамка и да утврди дали измените соодветствуваат на потребите на организациите.