2.4
Primary tabs
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ЦЕНТРАЛНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ ЦДАД НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
Водечка институција |
Секретаријат за европски прашања |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 3то тромесечје |
Индикатори |
1. Изготвено ново упатство за регистрација на проекти во насока на надминување на воочените проблеми, а со цел поедноставување и забрзување на постапката 2. Изготвенени наменски обрасци (1. Барање за регистрација на проекти од билатерална помош, 2. Барање за регистрација на проекти од ИПА, 3. Барање за регистрација на проекти од суб-грантисти) 3. Забрзана постапка на регистрација преку делегирање на овластување за потпис на потврди за регистрација на проекти 4. Спроведени промотивно/едукативни активности за целиот процес на регистрација на проекти и на користење на податоците на Централната база на податоци за странска помош за крајни корисници (институциите на Република Македонија, донаторите, граѓанскиот сектор, економските оператори и др.) |
ВО ТЕК
Преземени активности во 2018 2019, по индикатори:
Секретаријатот за европски прашања подготви Нацрт-упатство за регистрација на проекти во Централната база на податоци за странска помош (ЦДАД), со наменски Обрасци/Барања за регистрација на проекти, што беше разгледано на 12. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 22.5.2019 година.
Во Секретаријатот за европски прашања е извршено делегирање на овластувања за потпис на потврди за регистрација на проекти во ЦДАД базата и во моментов постојат двајца овластени потписници од рангот на државни службеници;
Капацитетите на Одделението за протокол и организациски работи на СЕП дополнително се зајакнати со двајца нови вработени и еден практикант во моментов работат 4 вработени и 1 практикант на регистрација на проекти во ЦДАД базата. Сите барања за регистрација на проекти се внесуваат во е-деловодник за полесно следење. Направени се иницијални состаноци за целосна дигитализација на ЦДАД базата.