3.1

ОЦЕНА И АНАЛИЗА НА ПОСТОЈНАТА ПРАКСА И ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РАМКА ЗА ЕВИДЕНТИРАЊЕ И ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ НАСТАНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВРШЕЊЕТО НА ДЕЈНОСТИ СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ СТЕКНЕ ДОБИВКА, КАКО И  ЗА ЈАВНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОДАТОЦИ ОД РАБОТЕЊЕТО НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Министерство за финансии

Институции учеснички

Управа за јавни приходи

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Министерство за правда

Централен регистар на РМ

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2019, 1во - 2ротромесечје

Индикатори

1. Број на одржани тематски јавни консултации или тркалезни маси

2. Број на граѓански организации вклучени во тематските јавните консултации и тркалезни маси

3. Број на координативни состаноци со релевантните државни институции

4. Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во врска со оцената и анализата на постојната пракса и законска и подзаконска рамка за евидентирање и финансиско известување на деловните настани кои произлегуваат од вршењето на дејности со кои може да се стекне добивка, како и  за јавно објавување на финансиските податоци од работењето на граѓанските организации

5. Објавен е извештај за постојната пракса и законска и подзаконска рамка за евидентирање и финансиско известување на деловните настани кои произлегуваат од вршењето на дејности со кои може да се стекне добивка, како и  за јавно објавување на финансиските податоци од работењето на граѓанските организации, со препораки за надминување на констатираните недостатоци

 

РЕАЛИЗИРАНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Реализирањето на оваа активност се изврши преку реализирање на активноста 2.1 од Акцискиот план. Имено, измените во Законот за данокот на добивка (активност 2.2) произлезени како резултат од јавните консултации со заинтересираните страни (активност (2.1) се основа за уредување на  известувањето на граѓанските организации за вкупните приходи од непрофитна дејност и за вкупните приходи од вршење стопанска дејност остварени во текот на годината во подзаконски акт согласно Законот за данокот на добивка.

 

Дополнителни информации:

Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка

 

Macedonian
Мерки:
Статус: