15.1

СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА КОДЕКСОТ НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА УЧЕСТВО НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

Постојано - најдоцна до 15 април за претходната година

Индикатори

1. Годишниот извештај за спроведување на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики за претходната година се доставува до Владата и се објавува еднаш годишно, најдоцна до 15 април во тековната година

 

СПРОВЕДЕНО

Преземени активности  по индикатори:

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Одделението за соработка со невладини организации подготви Годишниот извештај за спроведените консултации во процесот на подготовка на предлог закони од страна на министерствата јануари-декември 2018 година, во рамките на активностите за реализација на мерките од Стратегијата за реформа на јавната администрација и акцискиот план 2018-2022, исполнување на планираните резултати од заложбата за Партиципативно креирање на политики од Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство и Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, а со цел да се зголеми отчетноста и отвореноста на Владата преку унапредување на процесот на консултации со јавноста.  Извештајот содржи и информации за спроведувањето на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, преку објавувањето на Повикот за придонес на граѓанскиот сектор во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2019 година. Извештајот е разгледан и усвоен на 146.седница на Владата, одржана на 23.07.2019 год. Согласно Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, Генералниот секретаријат на Владата - Одделение за соработка со невладини организации објавува повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата. На повикот објавен во август 2019 доставени се иницијативи од 10 граѓански организации, a на повикот објавен на 2.9.2020 доставени се 26 иницијативи, кои заедно со одговорите од министерствата се објавуваат на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk.  Повикот за придонес на граѓанскиот секор во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2021 беше предмет на расправа на 23 седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 23.9.2020. 

Годишен извештај за спроведени консултации во процесот на подготовка на предлог закони од страна на министерствата за 2018 година

 

Macedonian
Мерки:
Статус: