16.1

ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ТЕМАТСКИТЕ МРЕЖИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАБОТНИ ГРУПИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОПИСИТЕ И СТРАТЕШКИТЕ ДОКУМЕНТИ

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје; постојано

Индикатори

1. Направена е анализа/преглед на постојните тематски мрежи/платформи на граѓанските организации и нивната структура

2. Број на претставници од постојните тематски мрежи на граѓанските организации кои учествуваат во работните групи на органите на државната управа

 

СПРОВЕДЕНО

Преземени активности по индикатори:

На иницијатива на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, во рамките на програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ (финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МЦМС, Медиа плус Штип и АДИ Гостивар) во декември 2018 година подготвен е Извештај од анкета за идентификација на мрежите во државата, во кој е содржан преглед на 69 тематски мрежи на граѓански организации.

За подготовка на Акциски план 2020 за реализација на Националната стратегија за млади во 2019 Агенцијата за млади и спорт формираше 5 работни групи (Младинско учество, младинско информриање и младинска работа; Образование и вработување; Култура; Здравје и спорт; Квалитет на живот) во кои учествуваат претставници на граѓански организации, пријавени на Јавен оглас.

Дополнителни информации:

Објавен Извештај од анкетата за идентификација на мрежите на граѓанските организации

Извештај од анкета за идентификација на мрежите во Република Македонија

Macedonian
Мерки:
Статус: