16.2

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РЕДОВНА КОМУНИКАЦИЈА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА СО ТЕМАТСКИТЕ МРЕЖИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје; постојано

Индикатори

1. Број на одржани консултативни средби на органите на државната управа со тематските мрежи на граѓански организации

 2. Информациите за процесот на креирање, спроведување, следење и оценување на политиките постојано се дистрибуираат до тематските мрежи на граѓанските организации преку различни начини за комуникација

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности по индикатори:

Во септември 2018 одржани се состаноци со мрежите на граѓански организации на Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби Скопје и Центарот за економски анализи Скопје и изработени се Планови за комуникација во областите Економски и одржлив развој и Заштита на маргинализирани лица, што се разгледани на 7.седница на Советот  (26.11.2018).  Министерството за одбрана во 2019 активно го вклучи граѓанскиот сектор про подготовка на Упатството за заштита од вознемирување на работно место, склучи меморандум за сорабтка со Радио аматерскиот сојуз Скопје и Радиоаматерската асоцијација на Северна Македонија за развој, одржување и функционирање на радио-комуникацисите системи и опрема од интерес за одбраната, по повод 4 април - Денот на НАТО организираше серија настани во кои беа вклучени и Евро-атланскиот совет на Македонија и Фридрих Еберт Стуфтунг (ФЕС), а министерката за одбрана учествуваше на конференцијата „Улогата на жените во зачувување на мирот и безбедноста-Резолуција 1325 основа за акција“ во организација на „Нексус-Граѓански концепт“. Министерството за информатичко општество и администрација на 26.12.2019 одржа консултативен настан со ГО за Методологијата за вклучување на крајните корисници во процесот на подобрување на јавните услуги. Министерството за економија оствари соработка и консултации со ГО при изработка на стратешки и програмски документи (2018: Стратегијата за мали и средни претпријатија, со Акциски план 2018-2020 и Стратегијата за женско претприемништво со Акциски план 2019-2023; 2019: Среднорочната Стратегија за општествена одговорност на РСМ со Акциски план 2019-2023). Во 2018 Министерството за здравство вклучи ГО во работни групи за подготовка на Предлог на Закон за прекинување на бременоста (Коалицијата за здравствени и сексуални права на маргинализираните заедници Маргини, Реактор и ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражување) и за спроведување на активностите од Акцискиот план за подобрување на здравствената заштита на децата со попреченост и на лицата со инвалидност. Министерството за транспорт и врски во 2018 вклучи претставници на граѓанскиот сектор во работната група за измени на Законот за домување и подзаконските акти и организираше јавни консултации за Нацрт-Националната транспротна стратегија за периодот-2018-2030. Министерството за животна средина и просторно планирање активно ги вклучува граѓанските организации во креирањето на политиките, во областа заштита на природата учествуваат со свои членови како експерти во активности при валоризација/ревалоризација на природно наследство, идентификација на подрачја за Натура 2000, мониторинг на природно наследство и др. Во декември 2018 се одржа работилница за воспоставување на каналите за соработка со граѓанските организации во областа на климатските акции и за вмрежување со институциите и бизнисите, а во декември 2019 за пренесување на главните пораки од Светскиот самит за климатски акции. Развиена е алатка календар на настани за активности за заштита на животната средина и климатски акции www.klimatskipromeni.mk. ГО беа целосно вклучени во процесот на изработка и донесување на Законот и Планот за уравување со природното и културното наследство на Охридскот регион и Стратешката оцена за влијание врз животната средина на Планот, како и во Интерсекторската работна група за заштита на квалитетот на амбиенталниот воздух. Во 2019 се организирани 4 јавни расправи за спроведување на постапка по студиите за ОВЖС и беа организирани 3 јавни расправи. ГО беа вклучени во работната група за подготовка на Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздух и во Управувачкиот одбор на проектот за изгработка на Долгорочна стратегија за клима и Закон за климатска акција. Од крајот на 2019 воведена е пракса еднаш месечно да се покануваат ГО на тематски средби, а првата средба се одржа на тема воздух. Агенцијата за млади и спорт во 2018 одржа повеќе од 10 средби со Националниот младински совет и консултации со граѓански организации, две консултативни средби за Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа  на младите, во процесот на Ревизија на Националната стратегија за млади (2016-2025) и при изготвување на Акциски план, при креирање на Закон за млади и при изготвувањето на база на тренери. Во 2019 се одржаа повеќе средби со младински организации за Правилникот за определување постапка за утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, а преку партиципативен консултативен процес  донесен е Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/20). Во 2020 следејќи ги препораките на Владага за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19, консултациите со граѓанските организации се спроведуваа по електронски пат и преку платформата ЕНЕР. 

Средба за изработка на стратегија и план на комуникација на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор

Стратегијата за женско претприемништво со Акциски план 2019-2023

ВОЛЈАТА НА ЖЕНАТА Е НА ПРВО МЕСТО, УСВОЕН НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

Macedonian
Мерки:
Статус: