10.2
Primary tabs
РАЗВИВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ОДДЕЛЕНИЕТО/СЕКТОРОТ ЗА СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД
Водечка институција |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 2ротромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Број на обуки на кои присуствувале вработените од Одделението 2. Редовно се врши пренос на знаење со релевантните институции во регионот и Европа |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 2019, по индикатори:
Вработените од Одделението за соработка со НВО во 2018 учествуваа на 5 обуки организирани во рамките на твининг проектот„Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор‟ спроведен од Канцеларијата за соработка со НВОи на Владата на Република Хрватска:
- Теоретски и практични модели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 (16-17.5.2018)
- Оперативното планирање на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (6.6.2018)
- Зајакнување на капацитетите на членовите на Советот за комуникација со граѓанските организации (7.6.2018
- Обука на работно место за обезбедување на административна поддршка на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
-Обука на работно место за координација и следење на спроведувањето на Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020
Вработени од Одделението за соработка со НВО во 2019 година учествуваа на повеќе обуки, работилници, форуми и конференции и тоа:
- Обука за запознавање на новиот пристап на креирање на политики заснован на односот меѓу јавните политики и постапувањето на граѓаните (behavioural insights approach to policy making), која се одржа во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност во јавната администрација“
- Обука за вклучување на родовата перспектива во стратешкото планирање, организирано од страна на UN woman;
- Конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС);
- Две работилници на Експертската работна група при Меѓуресорското тело за човекови права во рамките на Проектот за поддршка на Канцеларијата на ОН;
Конференција на тема „Граѓанските организации посилни со бизнисите и граѓаните” организирана од здружението Конект во партнерство со Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика се одржа Конференција за меѓу-секторски партнерства;
- Презентација на Извештајот за Индексот на оджливост на граѓанските организации во Северна Македонија, во организација на Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН); - Регионален форум за граѓанско општество, одржан во Скопје, во организација на TACSO 3 проектот;
- Регионален форум за добро владеење и борба против корупцијата, организиран од Регионалната мрежа за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата;
- Јавна презентација на новиот извештај: „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?“, во организација на Аналитика тинк тенк и Амбасадата на Шведска во Скопје;
- Националниот форум за волонтерство, во рамките на регионалниот проект „Пат Западен Балкан 6“ (ROUTE WB6) чиј носител е централната канцеларија на РИКО (RYCO) од Тирана, Република Албанија, а е поддржан со фондови на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Дополнителни информации:
Progress/Final Report Presentation