11.1
Primary tabs
ИЗРАБОТКА НА МОДУЛИ ЗА ОБУКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МРЕЖАТА НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР СО ФОКУС НА НАЧИНИТЕ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Водечка институција |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 2ро тромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Изработени се соодветни едукативни модули за државните службеници 2. Организирани се најмалку две обуки годишно 3. Број на учесници во сите модули за обука |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
На 16 и 17.5.2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа дводневна работилница за градење на капацитетите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 . На обуката учествуваа 18 членови на Мрежата.
Одделението за соработка со невладини организации остварува континуирана соработка и комуникација со членовите на Мрежата на државни службеници. Во текот на април 2019 год. се одржаа координативни состаноци со членовите на Мрежата од Министерството за култура, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт.
Дополнителни информации: