19.2

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

 

Водечка институција

Министерство за информатичко општество и администрација

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2019, 1во тромесечје; постојано

Индикатори

1. Број на предлози на закони објавени на ЕНЕР

2. Број на органи на државната управа кои имаат спроведено консултации преку ЕНЕР

3. Број на Извештаи за ПВР кои содржат информации за спроведени консултации. Од спроведениот процес на консултации со засегнатите страни, министерствата во Извештајот за ПВР внесуваат информации за начинот на вклучување на засегнатите страни; податоци за засегнатите страни кои учествувале во процесот; ставовите искажани во текот на јавните расправи, односно мислењата, забелешките и сугестиите добиени по писмен пат или објавени на ЕНЕР и порталот Е-демократија; мислењата, забелешките и сугестиите кои не биле прифатени од страна на министерството и образложение за причините

 

СПРОВЕДЕНО

Преземени активности по индикатори:

Согласно Извештајот за спроведување на ПВР во 2018, од 109 предлози на закони доставени до Владата кои подлежат на ПВР, 94 предлози на закони (86%) биле објавени на ЕНЕР и до Владата е доставен Извештај за спроведување на ПВР. Според податоците од Извештајот за 2019, од вкупно 242 предлози на закони утврдени од Владата кои подлежат на ПВР, за 124 (51%) биле објавени документи на ЕНЕР, а за 186 предлози на закони (77%) до Владата е доставен Извештај за спроведување на ПВР.
МИОА како надлежно министерство за управување со процесот на регулаторна реформа, во соработка со Одделението  за соработка со невладини организации на ГС на ВРСМ, изработи Годишен извештај за оценка на спроведените консултации со јавноста за 2018 година.Во Извештајот е даден Годишен преглед на почитувањето на постапката за консултации со засегнатите страни за 105 предлог закони (за 4 предлог закони до МИОА не беа доставени информации  за постапката за извршени консултации) утврдени од Владата за секое министерство поединечно.МИОА како институција која управува со процесот на ПВР и го уредува ЕНЕР, во текот на месец март 2019 година, до министерствата  достави Прашалник за оценка на процесот на консултации со засегнатите страни при подготовка на поединечни предлог закони, спроведени во 2018 година. Резултатите од добиените одговори укажуваат дека 84 Извештаи за ПВР содржат информации за спроведени консултации.

Дополнителни информации:

Годишен извештај за спроведени консултации во процесот на подготовка на предлог закони од страна на министерствата за 2018 година

Macedonian
Мерки:
Статус: