20.3
Primary tabs
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОДДРШКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ, СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ И ДИРЕКТОРИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, ВО ВРСКА СО ГРАЃАНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Водечка институција |
Министерство за образование и наука |
Институции учеснички |
Биро за развој на образованиетоЦентар за стручно образование и обука |
Рок на спроведување |
2020, 2ро тромесечје |
Индикатори |
1. Изработени програми за професионален развој на наставниците, стручните служби и директорите за граѓанското образование2. Спроведени семинари и работилници за професионален развој на наставници, стручни служби и директори за граѓанското образование3. Обезбедени се средства за покривање на трошоците за учество на обуката за граѓанското образование организирани од други засегнатите страни (граѓанските организации)4. Број на наставници од основните и средните училишта, стручни служби и директори обучени за граѓанско образование |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Во 2018 год. изготвени се модули за обука на сите наставници што го предаваат наставниот предмет Граѓанско образование во 8-мо одделение за успешна имплементација на новата наставна програма. Реализирани се семинари и обучени се сите наставници што го предаваат предметот граѓанско образование во 8-мо одделение (Број на одржани обуки: 15 , Број на учесници на обуките: 353).
Во 2019 год. изготвени се модули за обука на сите наставници што го предаватаа наставниот предмет Граѓанско образование во 9. -то одделние за успешна имплементација на новата наставна програма релизирани се обуки со наставниот кадар што го реализираат предметот. Обучени се сите наставници што го предаваат предметот граѓанско образование во 9-то одд.
Активностите се реализираат во рамките на проектот на МЦГО за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиски подржан од УСАИД. Средствата за изготвување и имплементација а наставните програми по Граѓанско образование во среднотот образование беа обезбедени од страна на Проектот за четиригодишно средно стручно образование.
Дополнителни информации:
4. Започна циклусот обуки за наставници по предметот граѓанско образование