24.2

ПОСТОЈАНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ВРСКА СО АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ЕВРОПСКИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ МРЕЖИ И АКТИВНОСТИ

 

Водечка институција

Секретаријат за европски прашања

Институции учеснички

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје; постојано 

Индикатори

1. Број на спроведени активности за информирање во врска со можностите за вмрежување со граѓанските организации од регионот и ЕУ

2. Број на граѓански организации што зеле учество во различните европски и регионални мрежи и активности

 

СПРОВЕДЕНО                                         

 

Преземени активности во 2018 2019, по индикатори:    

Одделението за Креативна Европа-Култура на Министерството за култура во 2018  реализираше 12 јавни настани посветени на оваа програма на ЕУ, на кои учествуваа граѓански организации како потенцијални апликанти и корисници на програмата.  Во рамки на повикот за аплицирање за 2018 на Програмата Креативна Европа – Култура од страна на ЕУ поддржани се 3 проекти на здруженија на граѓани.
European solidarity corps Во врска со најновата програма која произлегува од ЕРАСМУС плус програмата, Секретаријатот за европски прашања обезбеди средства од ИПА за плаќање на влезниот билет за да се отвори можнопста заитересирани здруженија од земјава да земат учество.  За сите граѓански организации кои според својот статут имаат мандат да спроведуваат солидарни активности од секаков тип, може да учествуваат во повиците кои се објавуваат на европско ниво.  Погодноста што произлегува од оваа нова програма е што ваков тип на солидарни активности можат да се спроведуваат во рамките на една земја, што за прв пат се воведува како опција (досега се бараше сите активности да бидат спроведувани во соработка со една или повеќе ЕУ земји членки).  Податоци за процедурите и повиците се достапни во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во 2019 Локалната канцеларија на РИКО беше фокусирана на подготовка и организирање обуки за градење капацитети и промовирање, лобирање и застапување. Агенцијата за млади и спорт и Локалната канцеларија на РИКО ги споделуваат повиците за финансиска поддршка на граѓански организации (за инклузивен пристап на младински размени и иновативни регионални проекти).   

Macedonian
Мерки:
Статус: