27.1

ПОДГОТОВКА НА НОВ ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА СО ЦЕЛ ДА СЕ ВОВЕДАТ СОЦИЈАЛНИ ДОГОВОРИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ФИНАНСИРАНИ ОД ДРЖАВАТА

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2019, 1во - 2ро тромесечје

Индикатори

1. Формирана е работната група за подготовка на нов Закон за социјална заштита

2. Спроведени се јавни консултации за Предлогот на Закон за социјална заштита

3. Подготвен е Предлог на Закон за социјална заштита, што вклучува одредби за социјални договори за обезбедување на услуги финансирани од државата 

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Со Законот за социјална заштита, донесен во мај 2019 година („Службен весник на РСМ“ бр.104/19),  се утврдени социјалните услуги кои може да ги даваат здруженија (социјални услуги во домот, социјални услуги во заедницата, освен услуги за ресоцијализација на деца во ризик и ресоцијализација на деца во судир со законот,  услуги на вон-семејна заштита, освен установа за прифат на баратели на азил, воспитна установа и групен дом за деца во ризик, услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка и услуги на советување), условите и постапката за доделување средства за давање социјални услуги и се воведуваат управни договори за давање на социјални услуги.Консултациите по Предлог на закон се спроведоа преку ЕНЕР, а се одржаа и неколку јавни расправи.   Предлогот на закон беше разгледан и на 7-та седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 26.11.2018.                   

 

Дополнителни информации:

Царовска: Измените на законот за социјална заштита ќе значат подобрување на правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост

 

ЗАКОН за социјалната заштита 

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: