27.2

УТВРДУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ОД СТРАНА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2019, 1во - 2ро тромесечје

Индикатори

1. Формирана е работната група за подготвување на методологијата за утврдување на цените на социјалните услуги

2. Подготвен е Правилник за регулирање на цените на социјалните услуги 3. Листата на цените за услугите кои ги обезбедуваат граѓанските организации е усогласена со листата на цени за услуги кои ги обезбедуваат институциите за социјална заштита и приватниот сектор со кои државата склучила договори за обезбедување социјални услуги

4. Изготвени стандарди за обезбедување социјални услуги од страна на граѓанските организации

5. Изготвени се стандарди за квалитет во управувањето на граѓанските организации даватели на услуги заради подобрување на нивната конкурентност со останатите потенцијални даватели на услуги (јавни установи и приватни компании)

 

СПРОВЕДЕНО                                     

 

Преземени активности по индикатори:

Со цел за развивање и давање на социјални услуги од лиценцирани и овластени даватели (здруженија и приватни даватели) формирани се Комисија за лиценцирање на даватели на социјални услуги и Комисијата за обезбедување средства за социјални услуги од општините и другите даватели. Работата на овие комисии се уредува со следниве подзаконски акти: Правилник за поблиските услови и критериуми, потребната документација, образецот на барањето за добивање дозвола за вршење работи од социјална заштита, начинот и постапката за издавање и одземање на дозвола за вршење работи од социјална заштита и начинот на водење на евиденцијата на лиценцирани даватели на социјални услуги („Службен весник на РСМ“ бр.264/19) и Правилник за поблиски услови за доделување на средства, образецот на бодовна скала, начинот на доделување на средства на здруженија и други приватни даватели на социјални услуги за давање на социјални услуги („Службен весник на РСМ“ бр. 268/19). Цената на услугите е утврдена со Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги во домот и  услугите за вон-семејна заштита за 2020 година бр. 10-9802/1 од 25.12.2019 година, пресметани  согласно Методологијата за формирање на цените на услугите во зависност од нормативите и стандардите за давање на социјалната услуга („Службен весник на РСМ“ бр.264/19).

Macedonian
Мерки:
Статус: