29.1
Primary tabs
УСВОЈУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВОЛОНТЕРСТВОТО
Водечка институција |
Министерство за труд и социјална политика |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2019, 2ротромесечје |
Индикатори |
1. Формирана е работна група во која учествуваат претставници од граѓанскиот сектор за подготовка на Стратегија за промовирање и развој на волонтерството 2. Подготвена е и објавена оценка на претходната Стратегија 3. Спроведени се сеопфатни јавни консултации за Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството 4.Усвоена е Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството |
ВО ТЕК
Преземени активности по индикатори:
На 26.12.2019 во Скопје се одржа Национален форум за волонтерство,во организација на Младинскиот културен центар – Битола, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на регионалниот проект „Пат Западен Балкан 6“ (ROUTE WB6). Целта на форумот беше преглед и дискусија за состојбите со законската регулатива за волонтерство во државата, како и дискусија и насоки за потребата од подготовка на нова Национална стратегија за промоција и развој на волонтерството 2020 -2025.Во текот на 2020 година, во соработка со невладиниот сектор и ресорните органи и институции се одржаа неколку средби за да се мапираат проблемите и да се добијат предлози во која насока треба да се измени Законот за волонтерство, на кои се истакна и потребата за носење на Стартегија за промовирање и развој на волонтерството. Согласно Иницијативите за Програмата за работа на Валадата на Република Северна Македонијае предвидена е да се донесе во јуни 2021 година. Побарани се номинации од ресорни министерства и преставник од Канцеларијата на претседателот на Владата, која работна група ќе работи на двата документи.
Националниот форум за волонтерство во организација на МКЦ од Битола