30.2

Градење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на програми и проекти за волонтерство

 

Водечка институција

Национален Совет за промовирање и развој на волонтерството

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2019, 4то тромесечје

Индикатори

1. Број на јавни повици за финансирање на проекти на граѓанските организации кои поттикнуваат волонтерство

2. Број на успешно спроведени проекти за поттикнување на волонтерството финансирани од локални, национални извори и извори од ЕУ

3. Број на волонтери вклучени во проектните активности

 

СПРОВЕДЕНО 

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Агенцијата за млади и спорт во четвртиот квартал 2018 објави Јавен повик за финансиска поддршка на младински организации. На повикот аплицираа 60 проекти, а се финансирани 8 проекти во кои се промовира волонтерството. Агенцијата за млади и спорт продолжи со поддршка на младинското граѓанско општество, иницијативите и креативното изразување на мислењата и ставовите на младите и во 2019 врз основа на два огласи за финансиска поддршка на здруженија и фондации додели вкупно 4.700.000 денари на 18 организации (од вкупно пријавени 126). Агеницата за млади и спорт во 2019 ангажираше волонтери за реализација на проектите „Сгоп на пороците кај младата популација“ со едукативни работилници во основните училишта, промоција на „Европска младинска картичка“ и проектот „Младинско учество и младински политики“.  

 

Дополнителни информации:

Објавен ОГЛАСОТ за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Macedonian
Мерки:
Статус: