31.3

МОНИТОРИНГ НА ДОНАЦИИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

 

Водечка институција

Министерство за финансии

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2019, 1во тромесечје

Индикатори

1. Ревидирани се обрасците за даночните пријави за приватниот сектор (како и тие за поединци - граѓани) со цел да содржат и податоци за донациите до граѓанските организации

2. Годишно се објавува извештај за даночни олеснувања кај приватниот сектор (вклучително и за поединци - граѓани) поради обезбедени донации на граѓанските организации

 

СПРОВЕДЕНО  

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Во декември 2018 се донесе Правилникот за формата и содржината на пополнетата годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, начинот на доставување на пополнетата годишна даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на даночниот обврзник ,во прилог на кој беше пропишан образецот на годишната даночна пријава „ПДД-ГДП“. Во пријавата, полето кое се однесува на дадените донации се наоѓа по  полето за вкупно  пресметаниот годишен данок, така што износот на пресметаниот годишен данок се намалува за износот на дадените донации.

 

Macedonian
Мерки:
Статус: