Одржана 5. седница на Комисијата за организации со статус од јавен интерес
Primary tabs
На 5. седница на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, која се одржа на 30.5.2019 година, Комисијата ги разгледа Деловниот и финансискиот извештај за 2018 година на Здружението Фонд за подобра иднина на Пласница и Преглово – Пласница и Деловниот и финансискиот извештај за 2018 година на Непрофитната организација за стипендирање на студенти и поддршка на научно- истражувачки активности – Фондација ПЕКСИМ Скопје. Согласно Решението од Централниот регистар со кое се запишува бришењето на Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров, Ресен по пат на ликвидација, Комисијата го задолжи Одделението за соработка со невладини организации соодветно да го ажурира Списокот на здруженија и фондации на кои им е доделен статус на организација од јавен интерес.
Исто така, Комисијата го задолжи Одделението за соработка со невладини организации, да изработи Анализа на прописите кои ја регулираат материјата организации со статус од јавен интерес и да изработи компаративна анализа со европското искуство. Со седницата претседаваше претседателката на Комисијата, Марија Митевска од Министерство за финансии.