Submission #210
Култура
Центар за современа ликовна уметност - Прилеп
www.cslu-prilep.org
cslu.macedonia@gmail.com
070/208-331
Бул. „Гоце Делчев“ бр.18, 7500 Прилеп
Од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес имаме континуирано ликовно творештво кое низ текот на годините Центарот за современа ликовна уметност успешно го негува и промовира преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, mail art, street art и body painting art. Во текот на своето 62 годишно постоење ЦСЛУ-Прилеп токму преку овие работилници создаде повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот.
ЦСЛУ-Прилеп постојано работи на поттикнување и унапредување на ликовниот израз во насоки на социјално одговорна уметност, која води сметка за актуелниот момент во општеството и уметноста. Топира нови трендови во уметноста, истовремено збогатувајќи го фондот на уметнички дела, трендови, стилови во уметноста, материјали од кои се изработуваат делата, и предизвикува нов простор за ликовен израз со уметничко-ангажирана содржина. Продолжува континуираната традиција на слободно уметничко изразување кое на крај резултира со готов уметнички производ.
ЦСЛУ-Прилеп секогаш прави одличен избор на ликовни уметници како од домашната така и од меѓународнта ликовна сцена, дел од нив доста познати и во меѓународни рамки. ЦСЛУ-Прилеп покажува дека има квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња.
Уметничките дела создадени во ЦСЛУ-Прилеп кои несомнено се впишуваат во современите уметнички текови, дела кои се мошне сугестивни и отвoраат поле за индивидуални дожувувања, дела кои отвoраат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови идејни решенија за идните генерации. Прилеп е горд на својата отворена мермерна музејска постановка со уметнички дела-скулптури од мермер Сивец, создадени во ЦСЛУ-Прилеп, кои го збогатуваат и оплеменуваат јавниот простор во градот. Многу од нашите скулптури, освен во градот, може да се пронајдат во редица репрезентативни државни институции: Влада на Република Северна Македонија, Вилата на претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Министерство за надворешни работи во Република Северна Македонија, Министерство за финансии на Република Северна Македонија, Музеј за современа уметност Скопје, Скопје градски парк, Шеталиште во Битола, Општина Прилеп, МВР Прилеп, Вила на Претседател на Република Северна Македонија и др.
Иднината мора да биде водена од промените кои сакаме да ги имплементираме и од визијата која тимот на ЦСЛУ-Прилеп си ја постави како цел. Ќе го вложиме нашето знаење и труд, да се шириме меѓународно, да поставуваме нови стандарди и да ја возродиме ликовната уметност како една од најважните нишки на културното и општествено живеење. Нашата сила и тимски потенцијал ќе ја концентрираме на идејата да бидеме центар кој се грижи, претставува, застапува и ги продава нашите уметници, се со цел да им создадеме улови за постојан креативен развој. Само слободна уметност, само неоптеретен авторски потенцијал, потпомогнат со знаењето на културните менаџери и волјата на одговорните лица во државните структури, може да се претвори во моќна алатка за промоција, реактулизација и зацврстување на она што широко разбрано го нарекуваме културен код.

Мал театар Прилеп, Друштво на ликовни уметници Прилеп, театар Чин4Сцена5, Театарска работилница, Room 313, Актис
Јавен простор - Прилеп
Горан Ристески
10
0