Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија
Primary tabs
Одделението за соработка со невладини организации учествуваше на Свеченото доделување на Националната награда во 2019 година за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија, што се одржа на 2.12.2019 година, во организација на Министерството за економија и Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата.
Цел на Наградата е да се поттикне воведувањето и натамошното унапредување на општествената одговорност кај македонските претпријатија и да се промовираат нивните позитивни практики на општествено одговорно делување.
Оваа година на конкурсот за наградата беа пријавени вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија (7 мали и средни претпријатија со 7 проекти и 15 големи претпријатија со 23 проекти). Наградите беа доделени во 5 категории: Oднос кон вработените, Eтичко управување, Односи на пазарот, Однос кон животната средина и Вложување во заедницата.
Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк .