Submission #28

Submission information
ИМКА, Битола
млади
Делумно
Не
Делумно
Иако Советот работи неколку години засега не го сметаме за релевантен да понуди помош и поддршка и како граѓански сектор да не застапува пред институциите на државава. Во секојдневието имаме бројни препреки поради тоа што државата не третира како приватни компании, или поради општатата бирократија или друг тип на проблеми за кои треба да се консултираме со релевантни институции. Оставени сме сами на себе еден по еден сами да се снаоѓаме. Друго, последнава ситуација со Ковид покажа дека државава се фокусира исклучиво на приватниот сектор и индивидуалците, а целосно го заборави граѓанскиот сектор. во Држава со висока бирократија очекуваме дека барем овој Совет ќе биде предводник на промените и комплет ќе стане дигитален. Добро е доколку се направат вакви измени во одлуката за формирање. Да нема документации за поднесување по пошта, со лични потписи и сл. Комплет да е се дигитално. Дополнително, очекуваме наместо да бараме луѓето да поднесуваат разни документи за кои за некои треба и да плаќаат надомест на централен регистар - сите институции вклучително и Советот да почнат да го применуваат едношалтерскиот систем т.е. завршни сметки, статути на организации, тековни состојби.....самите да си ги подигнуваат интерно за сите апликанти од централен регистар без да ги мачиме сите поединечни организации и луѓе тоа да го прават и да го препраќаат на разни места. Како се формираат агендите за работа? Како Советот знае кои се жешки теми за граѓанскиот сектор? За Ковид кризава не добивме ниту еден прашалник за консултација и прибирање на фидбек. Нашава држава функционира по директива. Општините се многу слаби во оносот кон граѓанскиот сектор. Фали преписки „од горе“. Пример Општина Битола никогаш не објавува години листа на здруженија на кои им одобруива средства, нема календар, нема можност за консултации итн. За сиве овие прашања мора случај по случај самите да се бориме наместо централно да се бараат извештаи од општините и од здруженијата од терен. Многу се ветуваше за граѓанскиот сектор, но се назадува доста. Нема никакви рангирања на здруженија спрема релевантност, импакт и сл. Општините и државата постојано не амчат со пишување на проекти и извештаи. Наместо тоа ние треба да работиме и да да даваме извештај за импакт. Ние се повеќе стануваме писари, наместо работници на терен со граѓаните. Веб страната ви е застарена, меилинг листите неупотребливи и мора самите да правиме меилинг листи еден по еден меил....Толку за сега. Со среќа во измените.
Да