Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Primary tabs
Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации, во вкупен износ од 20.000.000 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации преку грантови од 600.000 до 900.000 денари, во седум приоритетни области. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до 17 март 2021 година.